Бугарија ќе им донира 150.000 вакцини „АстраЗенека“ на соседите, вели дека тие сами барале

Од:

Бугарија планира да донира до 150.000 вакцини на производителот „АстраЗенека“ на државите од Западен Балкан, изјави денеска бугарскиот технички министер за здравство Стојчо Кацаров.

Кацаров рече дека Северна Македонија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина имале пратено барања до Бугарија.

-За жал, процедурата е многу тешка. Се налага согласност со ЕК и фирмата-производител, независно дали ќе ги донираш или продадеш вакцините и тоа одзема долг временски период. Ние тоа добро го проучивме, рече Кацаров.

Тој истакна дека Бугарија има предност како земја-членка на ЕУ да располага со огромна количина од сите вакцини и оти располага со доволно вакцини за исполнување на своите потреби. Според Кацаров, земјата располага со 13 или 14 милиони дози од вакцините до крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Вархеј: Првите исплати на средства од Планот за раст ги очекуваме во текот на овој месец