А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Се роди првото дете во новиот објект на Гинекологија Чаир

by А1он26/06/2013 - 15:09125
Share0

Се роди првото дете во новиот објект на ЈЗУ Специјална болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. Станува збор за здраво машко дете. Во објектот се инвестирани четири милиони евра-три милиони за градежни работи, и околу милион евра за опрема.

Добивај вести на вибер

Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров кој го посети новиот објект на таа здравствена установа. Тој изјави дека во објектот има најсовремена опрема, се што е потребно за една најсовремена гинеколошко-акушерска болница.

– Во болницата условите се извонредни, идентични како оние кои ги имаме во новиот објект на Клиниката за гинекологија во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“. Со отворањето и на овој објект македонското здравство добива еден многу современ капацитет кој може да одговори на најсложените предизвици од областа на гинекологиј

ата и акушерството и воведуваме еден многу повисок стандард во овој дел, рече Тодоров.

Очекуваме, посочи Тодоров, дека еден добар дел од граѓаните од Скопје посебно од овој дел од градот ќе имаат можност да добијат многу квалитетна здравствена заштита и многу квалитетни услуги од областа на гинекологијата и акушерството.

– Овој објект долго време 16 години стоеше во форма на карабина. Одлучивме како држава да одвоиме средства и да ги инвестираме тука и да направиме услови кои се на ранг на условите кои ги пружаат најсовремените здравствени системи во делот на гинекологијата и акушерството, истакна Тодоров.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Горан Наумовски06/03/2026 - 12:30

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Катерина Ѓуровски20/02/2026 - 13:55

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Горан Наумовски16/02/2026 - 12:07

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он05/12/2025 - 16:43

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 11:5221/11/2025 - 13:43

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

Предраг Петровиќ17/11/2025 - 14:02
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен