МЗ: Вчера се аплицирани 15.756 вакцини

Од:

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 437.339 граѓани, известува Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 241.368 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.067 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 15.756 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 362.710 дози вакцини, а ревакцинирани се 121.342 граѓани. Со последните бројки 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, соопштува Министерството за здравство.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски