Кривична пријава за тројца стружани и тројца албански државјани за крадење шума

Од:

Струшката полиција поднесе кривична пријава против К.А.(42) и М.А.(34) од селото Богојци, З.Т.(30) од селото Долно Татеши и против албанските државјани В.Ќ.(20) А.Н.(33) и Ф.Ќ(22), поради сомнение дека сториле казнено дело „Шумска кражба“.

Пријавените, како што информира СВР Охрид, на 21 овој месец во 22 часот и 30 минути се затекнати при транспорт на 37 метри просторни огревно дабово дрво наменето за натамошна продажба. Тие, според соопштението, претходно извршиле противправна сеча во местото „Рабини дупки“ атар на струшкото село Брчево, по што 21 метар дабово дрво натовариле на товарно возило марка „Фап“ со струшки регистарски таблици, а 16 метри даб сместиле во товарно возило марка „Мерцедес“ без регистарски таблици.

– Двете товарни возила се запрени од полициски службеници на земјениот планински пат на околу 500 метри од селото Брчево. Притоа констатирано е дека пријавените кои биле во товарните возила не поседуваат испратница или друг документ за превоз и потекло на дрвата. Пријавените немале никакви лични документи за идентификација, а албанските државјани имале нерегулиран и непријавен престој во Република Македонија. Македонските државјани како лица што вршеле превоз на дрва, не ја почитувале законската обврска да пријават сеча и транспорт во „Македонски шуми“  со цел да добијат испратница, а дабовото дрво да биде жигосано со јасно видлив жиг, стои во полициското соопштение.

Товарните возила и огревното дабово дрво се одземени со потврда за одземени предмети и предадени во складот за огревно дрво на подрачната единица на „Македонски шуми“ во Струга.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он