Мислењето дека кој било градоначалник треба да гради капитални проекти е фараонско размислување, вели Шилегов

Од:

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов истакна дека не практикува во политиката да употребува популизам, во одговор на новинарско прашање околу капиталните проекти реализирани за време на неговиот мандат.

-Мислењето дека кој било градоначалник треба да гради капитални проекти е фараонско размислување. Ние не сме фараони да градиме пирамиди во своето владеење, ние сме градоначалници избрани да раководиме со градот, истакна Шилегов.

Градоначалникот додаде дека денешниот договор за басрапид транзитот е корисен за иднината на градот Скопје.

-Одговорните институции за поништување на постаментот на споменикот на Мајка Тереза се Општина Центар и Министерството за култура, изјави градоначалникот на Град Скопје, во одговор на новинарско прашање и истакна дека потребно е да се поништи маркицата за постаментот или да се утврди отколонувањето параметри што се дадени во Деталниот урбанистички план.

Шилегов истакна дека се работи за национален проект, а дејствијата треба да ги преземе Министерството за култура.

– За мој вкус тоа трае долго и затоа мислам дека можеби има определени резерви на носење соодветни акти, истакна Шилегов.

Тој додава дека според него постои општ консензус, кога е во прашање споменикот на Мајка Тереза, бидејќи е улица преку која има пристап до плоштадот.

Би можело да ве интересира

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски