„Дајмлер“ се согласи да и плати на „Нокиа“ за користење на нејзините патенти, со што заврши правната битка помеѓу финската технолошка и германската автомобилска компанија околу авторските права за клучните технологии.
„Нокиа“ , која има 1,4 милијарди евра приход од лиценца секоја година, во последниве години го тужеше германскиот производител на автомобили „Дајмлер“. Но, двете компании соопштија дека постигнале договор за лиценцирање и ќе престанат со судењето.
„Според договорот, Нокиа му дава на Дајмлер лиценца за мобилна телекомуникациска технологија и за возврат добива надоместоци“, се вели во заедничкото соопштение на компаниите.
Германскиот производител на автомобили никогаш не и платил на „Нокиа“ да ги користи своите патенти. „Ауди“, „Бентли“, „БМВ“, „Мини“, „Порше“, „Ролс Ројс“, „Сеат“, „Шкода“, „Фолксваген“ и „Волво“ веќе плаќаат за патентите на „Нокиа“ .
Минатиот месец, „Нокиа“ потпиша договор со „Самсунг“, со кој јужнокорејската компанија се обврзува да плаќа такси за технологии поврзани со видео-стандардите на „Нокиа“.