Фамозната фирма „СВ Инвест“ на Столе Чифлигароски, еден од луѓето кој со Вице Заев одземаше тендери на компании кои што си добиле во РЕК Битола и праќаше луѓе со Васко Ковачевски кој што е директор на ЕЛЕМ кај Вице да плаќаат рекет и покрај заработените милиони во РЕК Битола, оваа фирма на Столе Чифлигароски на „СВ Инвест“ на 22 март оваа година објавила отпочнување на стечајна постапка рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Фирма која од година во година и растел профитот по 50, 100 и 200 проценти, и во 2019-тата година заработила 2.5 милиони евра оданочени, отпочнала стечајна постапка за неизмирено побарување од нешто над 250.000 евра. На овој документ се гледа решението за отпочнување на стечајна постапка за поведување, а на овој документ се гледа образложението зошто односно за неизмирен долг од 16.5 милиони денари или нешто повеќе од 250.000 евра“ – рече Арсовски.
Арсовски тврди дека било очигледно е дека оваа фирма свесно се затвора.
„Дали тоа значи дека постои можност да сопственикот на фирмата ја напушти државата со парите со кои што ги заработил од РЕК Битола и да избега и да не може да биде достапен и на располагање на органите за случајот за рекет од 250.000 евра и изнуда на тендер во РЕК Битола. МВР и ЈО треба да преземат мерки уште веднаш, да го отворат случајот и да ги обезбедат на било каков начин сите инволвирани“ – рече Арсовски.