Де Бруин има скршеница на носот по судирот со Рудигер во финалето на ЛШ

Од:

Играчот за врска на Манчестер сити, Кевин де Бруин, зборуваше за природата на неговата повреда во финалето од Лигата на шампионите против Челзи (0:1).

– Само што се вратив од болница. Мојата дијагноза е фрактура на коската на носот и фрактура на левата орбитала. Сега се чувствувам добро. Се разбира, сепак разочаран од она што се случи вчера. Ќе се вратиме, објави на Твитер белгискиот фудбалер.

Во 56. минута синоќа во финалето од ЛШ, 29-годишниот Де Бруин се судри со дефанзивецот на лондонците, Антонио Рудигер во средниот ред. Тој лежеше долго на тревникот, а потоа беше заменет поради повреда.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска