Макрон: Ќе ги повлечеме војниците од Мали во случај на исламска радикализација

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон предупреди денеска дека Франција ќе ги повлече своите трупи од Мали доколку политичката нестабилност резултира со поголем степен на исламска радикализација во таа африканска земја.

Франција моментно има околу 5.100 војници во регионот Сахел, во Мали, кој е на првата борбена линија во судирите со исламските екстремисти.

Француската армија од 2013 година ги поддржува силите на Мали, Мавританија, Нигер, Буркина Фасо и Чад во војната која се води во Сахел против екстремистите.

Макрон потврди дека ги предупредил локалните африкански лидери оти Франција нема веќе да ги поддржува земјите во кои нема демократија и во кои стагнираат транзициските процеси, но и дека Франција не планира засекогаш да ги задржи своите војници во Африка.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток