Османи: Јуни ја дава најдобрата шанса за почеток на преговорите со ЕУ

Од:

Јас останувам на ставот дека во наредниот период, јуни ја дава најдобрата шанса за почеток на преговорите, пред тоа остануваат уште две недели за да се надминат разликите. Има сериозен ангажаман на Португалското претседателство, знаете и со конкретниот предлог којшто ние го проценивме како добра основа за надминување на разликите. Сметаме дека португалскиот предлог ги адресира сензитивностите на трите страни, нашата страна, бугарската страна и на земјите членки коишто очекуваат дека преговарачкиот процес нема да биде контаминиран со билатерални прашања и дека тоа може да биде добра основа за надминување на разликите, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој, при денешната посета на Општина Тетово, наведе дека продолжуваат со враќањето на довербата со Бугарија.

– Продолжуваме во враќањето на довербата, има еден конструктивен однос, конструктивна реторика меѓу нас и бугарската Влада. Овие контакти коишто се случија, се важни во враќањето на таа дверба и очекувам таа комуникација да се интензивира во наредниот период. Да се обидеме да ги адресираме сензитивностите и на бугарската страна, меѓутоа се разбира запазувајќи ги и нашите сензитивности во однос на прашањето, потенцираше министерот за надворешни работи.

Шефот на дипломатијата смета дека алармот е подигнат дека регионот стига до критичната точка на губење на кредибилитетот на процесот и на критична точка на прекршување и тоа, како што рече, го сфаќаат и во Бугарија, го сфаќаме и ние и земјите членки.

– Очигледно времето за делување е сега. Не сакам да ги кренам очекувањата на граѓаните, минатото покажа дека и покрај тоа што имавме перфектно досие за започнување на преговори и станавме тест за кредибилитетот на процесот, очигледно ова прашање зависи од многу внатрешни динамики во земјите членки, но нашето е да бидеме упорни. Имаме обврска добиена од граѓаните дека земјата ќе ја внесеме во ЕУ, нагласи Османи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани