Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи ниту една дополнителна отстапка на сметка на македонскиот народ

Од:

Претседателот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Охрид истакна дека партијата нема да поддржи ниту една отстапка во односите со соседна Бугарија што ќе биде на сметка на националните интереси на македонскиот народ,

Мицкоски упати предупредување до политичарите дека после промената на власта во земјата ќе биде напуштен секој евентуален договор што предвидува остапки, национални концесии на сметка на македонскиот народ.

– Навистина сум шокиран од тоа што и се случува на Македонија, и тоа од соседот кој треба да биде наш најголем поддржувач. Не можев да помислам дека некој некого може да блокира заради прашања од 19 век, денеска и утре да зборуваме за дигитализација, за вештачка интелигенција, роботика…Очекувам од Пендаровски кога ќе се врати од посетата на Рим, во духот на добрите односи прокламирани на последната средба, да ме повика и информира за што разговарал со Радев и на што се должи оптимизмот. Ако отимизмот се должи на дополнителни национални отстапки, тогаш пораката до Пендаровски и Заев е дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи ниту една национална отстапка на грбот на македонскиот народ, изјави денеска лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во Охрид учествуваше на семинарот „Законодавните политики наспроти економските, политичките и општествените предизвици од 2021 година“ во коорганизација на Фондацијата „Конрад Аденауер“.

Мицкоски изрази зачуденост што, како што истакна, наеднаш состојбата станала тензична, барем според зборовите изнесени од премиерот Зоран Заев.

– Од каде наеднаш состојбата стана тензична. Од каде наеднаш потегот на претходната бугарска Влада да ја блокира Македонија, притоа поставувајќи услови кои немаат никаква врска со европските вредности и со иднината на двете држави, рече тој.

По однос најавените олеснувања за патарина за српските туристи при патување низ Македонија, Мицкоски истакна дека наместо државата да се погрижи да рефундира средства на граѓаните кои се изложиле на трошоци за вакцинирање, а плаќале здравствено осигурување, напротив, државата дополнително ќе ги отперетува со трошоци, преку „пардонирање на трошоци“.

– Наместо како држава да си ги платиме трошоците за тоа колку чинат 20-30 илјади вакцини, се прават гимнастики што ја воведуваат во глупост целата ситуација, истакна лидерот на ВМРО-ДМПНЕ.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Создаваме средина каде идеите стануваат иновации

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ