Градските власти на Москва денес соопштија дека една улица на северот на градот ќе добие име по легендарниот претседател на Венецуела, Уго Чавес.
Портпаролот на општината, Алексадар Христјаков изјави дека на улицата која што е во рамките на Хорошевски, ќе и се промени името и го носи името на поранешниот претседател на Венецуела.
Уго Чавес почина на 5-ти март по повеќегодишната борба со канцерот, а на власт го наследи Николас Мадуро.
Елена Георгиевска