Одземена организацијата на Европското првенство во велосипедизам на Белорусија

Од:

Европската велосипедска унија (UEC) и ја одзеде на Белорусија организацијата на претстојното Европското првенство наведувајќи ја како причина „актуелната меѓународната состојба“ во контекст на затегнувањето во односите меѓу земјите членки на Европската унија и официјален Минск.

Европската унија неделава го затвори воздушниот простор за авиони од Белорусија и најави дополнителни санкции, како одговор на приземјувањето во Минск на авионот на компанијата „Рајанер“ што леташе на релација Атина – Вилнус и апсењето на белорускиот опозициски новинар и блогер Роман Проташевич.

UEC дополнително соопшти дека бара алтернативно решение за организација на Европското првенство, на што уследи експресна понуда литванските власти.

– Литванија е подготвена да го организира натпреварувањето, соопшти синоќа литванската премиерка Ингрид Шимоните.

Во својот одговор, UEC наведе: „Драга премиерка, би биле среќни да го реализираме вашиот предлог“.

Настапот на Европското првенство во велосипедизам, што од 23 до 27 јуни требаше да се одржи во Белорусија, најпрво го откажа Германија, а кратко потоа и се приклучи и Холандија.

Би можело да ве интересира

Загина познат велосипедист – го прегази камион на тренинг

Предраг Петровиќ

Крадци им ги украле велосипедите на светски велосипедски ѕвезди

Горан Наумовски

Паравелосипедист без две раце освои светска титула, му подарија рачен часовник

Историски успех за македонскиот велосипедизам: Елена Петрова освои подиум во Хрватска и обезбеди пласман на Светското Gran Fondo првенство

Ана Ололовска

Четиринаесет здруженија на велосипедисти основаа Сојуз на велосипедски здруженија на Македонија во Неготино

Ана Ололовска

Евенепел ја освои Вуелта Еспања

Горан Наумовски