Зинедин Зидан се повлекува од функцијата главен тренер на Реал Мадрид, објавено е на клупската веб-страница на „кралевите“.
– Зинедин Зидан одлучи да го напушти Реал Мадрид. Ние ја почитуваме неговата одлука и му благодариме за професионалноста, посветеноста и страста кон работата низ годините, стои во соопштението.
Зидан го водеше Реал Мадрид од март 2019 година. Пред тоа, тој веќе работеше како главен тренер во периодот од 2016 до 2018 година.
Четириесет и осумгодишниот француски специјалист е двократен шампион на Шпанија, трикратен освојувач на Лигата на шампионите, двократен освојувач на Суперкупот на Шпанија и Суперкупот на УЕФА. Исто така го освои Светското клупско првенство двапати со Реал Мадрид.
Во сезоната 2020/21, Реал Мадрид заврши на второто место во Шпанското првенство, со два бода заостанување зад Атлетико. Во Лигата на шампионите, мадридскиот клуб беше елиминиран од Челзи (1:1 и 0:2) во полуфиналето.