Владата ќе плати 2,7 милиони евра за електронски картички за српските туристи да се ослободат од плаќање патарина во Македонија

Од:

Владата на денешната седница донела одлука да се изготвуваат електронски картички (М-Смарт Кард) за патнички моторни возила на туристи од Република Србија кои би транзитирале на Коридор 10 за време на летната сезона во периодот од 15.06.2021 до 15.08.2021 година.

За ова, Министерството за финансии е задолжено да префрли 172 милиони денари, односно 2,7 милиони евра за да се изготват 200.000 картички.

„Во насока на ветувањето за ослободување на плаќање патарина во земјава на српските државјани за време на летната сезона Владата на Република Северна Македонија ја разгледа и усвои Информацијата изготвена од Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски, а во врска со изготвување на електронски картички (М-Смарт Кард) за патнички моторни возила на туристи од Република Србија кои би транзитирале на Коридор 10 за време на летната сезона во периодот од 15.06.2021 до 15.08.2021 година. Во оваа насока е задолжувањето на Министерството за финансии да префрли средства во износ од 172.000.000,00 денари за набавка на 200.000 М- Смарт Кард на сметката на Владата, а ЈП за државни патишта да изврши сукцесивна испорака на предвидените количини на М- Смарт Кард. Се задолжува Јавното претпријатие за државни патишта, откако ќе заврши проектот, во случај на неискористени средства, истите да ги врати на сметката на Буџетот на Република Северна Македонија – Влада на Република Северна Македонија“, стои во владиното соопштение.

Министерството за внатрешни работи е задолжено за распределба на електронските картички на возилата со српски туристи кои ќе влегуваат на територијата на нашата држава преку граничниот премин Табановце.

Би можело да ве интересира

Раководствата на N1, Nova, Radar и Danas официјално испратија понуда за преземање на UG media

Поради дојава за бомби, во Србија во прекин железничкиот сообраќај

А1он

Старовиќ: Србија нема да воведува санкции против Русија

ВИДЕО: Објавена снимката на страшниот судир во кој загина деветгодишно дете и родителите

Предраг Петровиќ

Европскиот парламент усвои oстра Резолуција за Србија

Почина српскиот генерал и хашки осуденик Небојша Павковиќ