Стоилковски: Три фирми во косопствеништво на Заев должат милион и пол евра на државата

Од:

Унапредувањата во партиската хиерархија во СДСМ се должат на слугувањето на криминалот, мафијата и на девастирањето на државата. Факт е дека Сања Лукаревска стана десна рака на Зоран Заев, додека семејните фирми на Заеви со години должат кон државата, должат за данок. Шаблонот е лесен, УЈП не презема ништо за ненаплатените даноци, а во замена Лукаревска добива висока партиска функција рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„На листата на должници на УЈП, на листата неплаќачи на данок се и компаниите во коишто Заеви се сосопственици. Вице Заев е содружник во градежната компанија „Дравас Инженеринг“, која заклучно со август, лани, имала вкупен доспеан, а ненаплатен долг од 41 милион 325 илјади денари кон државата. Втора компанија е „Сара Инженеринг“ со вкупен долг од 33 милиони 811 илјади и 500 денари. На оваа листа е и фирмата „Сара Јавор Инженеринг“, чиј вкупен долг изнесува 16 милиони 204 илјади денари. Со тоа, само од трите фирми во кои сосопственик е Заев, кон државата должат речиси еден ипол милион евра, односно над 1 милион 485 илјади евра“ – рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?