Најмалку 13 луѓе загинаа, а две деца се во болница кога кабина од жичница падна во близина на езерото Маџиоре на северот во Италија. Спасувачите велат дека е можно да има уште жртви.
A mountaintop cable car plunged to the ground in northern #Italy on Sunday, killing at least nine people and sending two children to the hospital. https://t.co/jynfOiEXa1 #Mottarone pic.twitter.com/P0JMi1gObv
— Atlantide (@Atlantide4world) May 23, 2021
Во кабината се возеле 15 луѓе, а двете деца биле однесени со хеликоптер во болница во Торино. Според информации на италијанските медиуми, децата биле на возраст од пет и од девет години.
#Verbania ecco la cabina della funivia Stresa-Mottarone sul lago Maggiore caduta poco prima delle 13, bilancio parziale 9 vittime e due bambini molto gravi.#Verbania #FuniviaStresaMottarone#VerbanoCusioOssola #Piemonte pic.twitter.com/cvvvFUP42w
— Paolo Pongiluppi (@planetpaul65) May 23, 2021
Италијанските медиуми јавуваат дека спасувачката мисија се одвивала побавно поради тоа што кабината паднала во шума. Падот бил од огромна висина. Кабината се откачила, најверојатно, поради неисправност на еден од каблите.