Претседателката на Бразил Дилма Русеф изјави дека Владата ќе потроши уште 23 милијарди долари за јавниот транспорт и наведе пет клучни области за забрзување на политичката реформа и подобрување на државните услуги.
Нејзината изјава уследи по средбата со лидерите на Движењето за бесплатно патување, организацијата која ги предизвика првичите протести во Бразил пред повеќе од една недела и повика на нови демонстрации за денеска.
– Најмногу сакам да повторам дека мојата Влада ги слуша демократските гласови. Треба да научиме да ги слушаме гласовите на улицата, истакна Русеф на средбата со гувернерите и градоначалниците.
Таа ги посочи дека петте приоритети на Владата: фискална одговорност и контрола на инфлацијата, политичка реформа, здравство, јавен транспорт и образование.
Мајара Вивиан, еден од лидерите на Движењето за бесплатно патување истакна дека Владата не посочила конкретни мерки и оти протестите ќе продолжат.
– Ситуацијата ќе се смени само со конкретни мерки од државата, истакна Вивиан.