Уште еден измамник успеал од затвор да земе брз кредит на туѓо име

Од:

Уште еден затвореник, 30-годишен стружанец кој издржувал казна во штипскиот затвор, успеал со измама да прибави туѓи лични податоци, по што успешно подигнал брз кредит, исто како и двајца други осуденици кои претходно беа откриени, соопшти полицијата.

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.С.(30) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,измама“ и ,,злоупотреба на лични податоци“. Тој, во периодот февруари -април оваа година, кога издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор – Штип, преку лажен „Фејсбук“ профил остварил контакт со Г.П. од Охрид и доведувајќи го во заблуда, го убедил да обезбеди валидни лични податоци и документи од трето лице, кои подоцна ги злоупотребил за подигнување кредит од финансиско друштво кое се занимава со издавање брзи кредити“, се вели во полициското соопштение.

Случајот првпат беше откриен минатиот месец, кога двајца затвореници, исто така од штипскиот затвор, беа фатени во измама направена на речиси ист начин.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

Голем број загинати во затворски бунт во Еквадор

Пијаните возачи ќе одговараат кривично, заострување на казните

Ги нападнале овчарски кучиња, се качиле на столб за мобилна телефонија – спасени белгиски планинари во Ценар Жупа

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Еднојазичните униформи не се само облека