Започнува 28-то издание на Штипското културно лето

Од:

Од денеска, па сè до 2. август, штипјани ќе можат да уживаат во содржините на 28-то издание на Штипското културно лето.

„Оваа година се потрудивме како Општина да направиме една врвна програма и да донесеме одлични гости од областа на музиката, театарот, ликовната уметност и верувам дека ќе им се допадне на штипјани што имаат изострен вкус“, изјави градоначалникот на општина Штип,Илчо Захариев на денешната прес-конференција.

Со програмата на ШКЛ 2013 година се предвидува гостување на неколку  рок -рупи од Р.Бугарија и Русија, како и многубројни ликовни изложби, промоции на книги, театарски престави на локални уметници и творци, а ќе настапи и маестро Борис Трајанов заедно со неговите студенти од универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

image description

За реализацијата на 28-то издание на Штипското културно лето од касата на Општина Штип се издвоени само 60.000 денари на што реагираа штипските социјалдемократи, кои содржините на ШКЛ 2013 ги окарактеризираа како неатрактивни.

Тие уште ги потсетија и локалните власти на изданијата на ШКЛ кога СДСМ беше на чело на општината, а штипјани имаа можност да ги видат Борис Дворник, Мира Бањац, Милена Дравиќ, Сплитска клапа, Јован Колунџија, Стефан Миленковиќ, како и многу други звучни имиња.

image description

На денешната прес-конференција Захариев уште додаде и дека сите учесници ќе настапуваат без хонорар, а единствен мотив за нивното учество била добрата публика и гостопримството на штипјани.

И покрај тоа што во програмата за Штипското културно лето за денес  е предвидена ликовна изложба на меѓународната ликовна колонија „Де Ниро“ од Битола, сепак од општината се одлучија официјалното отворање на ШКЛ да биде во сабота со настапот на Павле Алексовиќ и групата „Запис“ од Р.Србија, што остава впечаток дека за локалните власти некои изведувачи се привилегирани.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип