Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 384.706 граѓани, информира Министерството за здравство.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 196.119 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.711 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.211 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 232.485 дози вакцини, а ревакцинирани се 36.366 граѓани. Со последните бројки 44% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 36% од населението над 65 години и 30 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, се наведува во соопштението на Министерство за здравство.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.
Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.