Политички претставник на Хамас предвидува дека за неколку дена може да дојде до прекин на огнот во Газа, но судирите продолжуваат

Од:

Високо позицонираниот претставник на Хамас, Муса Абу Марзук, денеска изјави дека за неколку дена може да дојде до прекин на огнот меѓу Израел и палестинските вооружени групи во Појасот Газа, иако судирите влегоа во 11-от ден, а во најновиот израелски напад се повредени четири лица.

-Верувам дека тековните напори за прекин на огнот ќе вродат со плод (…). Очекувам заеднички договор за прекин на огнот да биде постигнат во рок од еден ден или два, изјави политичкиот претставник на Хамас, Абу Марзук, за либанската ТВ ал-Мајадин.

Белата куќа вчера соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден го замолил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху веднаш да ги деескалира тензиите во конфликтот со Газа, со интенција да се оди кон прекин на огнот.

Египетски безбедносен извор за британските медиуми изјави дека завојуваните страни, со помош на медијатори, принципиелно веќе се согласиле за прекин на огнот, но дека деталите се уште се водат во тајност, а катарската телевизија Ал Џазира објави дека мировниот пратеник на ОН за Блискиот Исток, Тор Венесленд, во Катар се состанал со лидерот на Хамас, Исмаил Хание.

Меѓутоа, од друга страна, утринава борбите влегоа во 11-от ден, откако Израел по полноќ извршил повеќе од десетина воздушни напади врз Газа, додека Палестинците истрелале повеќе ракети кон Израел.

Во израелски напад врз градот Кан Јунис, во јужна Газа, се поврдени четири лица, јавија локалните здравствени служби.

Израелската војска соопшти дека нејзините авиони рано утринава погодиле складиште за оружје во Газа кое се наоѓало во домот на официјален претставник на Хамас, како и „воена инфраструктура сместена во резиденциите“ на други команданти на Хамас, вклучувајќи го и Кан Јунис.

Британските медиуми јавуваат дека сирените за ракетни напади рано утринава се огласиле во јужниот израелски град Бершеба и во областите што граничат со Газа, но засега нема извештаи за жртви или штети.

Од 10 мај и почетокот на конфликтот, палестинските здравствени служби пријавија 228 смртни случаи во израелските бомбардирања врз Појасот Газа, додека израелските власти соопштија за 12 убиени лица во ракетните напад на Хамас.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

Хамас објави видео со живи заложници