Рускиот Инстит за епидемиологија и микробиологија Гамалеја одобри сериско производство на вакцината „Спутник В“ во Србија, откако препаратот направен во српскиот институт Торлак ги поминал неопходните контроли на квалитетот.
Србија со ова станува првата земја во Европа која по лиценца ќе ја произведува руската вакцина.
Минатиот месец, неколку серии од вакцината од Торлак беа испратени на проверки во Москва.
Според министерот во српската Влада Ненад Поповиќ, ова е голема вест за Србија, која „повторно ќе стане сила во производството на вакцини“.
„Тоа денеска е како да имате најмоќно оружје со кое ја чувате безбедноста на своите граѓани,“ изјави Поповиќ.
Тој додаде дека во следните две недели се очекува од Русија да пристигне значајно количество на супстанцата потребна за производство на двете компоненти на вакцината „Спутник В“.