Огромни штети предизвикани од невремето во Прилеп

Од:

Силен пороен дожд, повремено проследен со град, кој за кратко време ја побеле земјата, го зафати вчера Прилеп и околината. Поројниот дожд и надојдените води во одводните канали и речни корита предизвикаа во одделни населени места во општината огромни штети.

Големи штетибеа предизвикани и на земјоделските култури и тутунот.Од Сојузот на тутунски здруженија велат дека штета има на околу 500 хектари,а најкритично било во реоните на селата Канатларци, Лагово, Галичани, кај месностите Заград, Под кули, Варош.

Доколку не им се плати отштета, земјоделците велат дека тешко ќе преживеат, затоа што во отсуство на организиран пласман од страна на државата се жалат дека постојано се изиграни од откупувачите.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници