Франција ги олеснува мерките, ги отвора баровите, продавниците и културните објекти

Од:

Франција од денеска ги отвора баровите, продавниците и културните објекти, со што влегува во нова фаза на олеснување на ограничувачките мерки наметнати како резултат на ширењето на коронавирусот.

Би-Би-Си наведува дека од денеска се отвораат терасите на рестораните за групи до шест лица

Полицискиот час се поместува од 19 на 21 часот.

Француските медицински експерти изразија загриженост за бројот на нови дневни инфекции, што сега во просек се над 13.000. Но, овие бројки сга се многу помалку од околу 40.000 заразени дневно во текот на минатиот месец.

Процесот на вакцинација, исто така, се забрзува, па досега над 20 милиони лица добиле една, а околу девет милиони две дози вакцина. Владата претходно постави цел до средината на мај да вакцинира 20 милиони лица со најмалку една доза.

Во ова фазно олабавување на мерките, сепак, некои мерки остануваат на сила. Баровите и рестораните можат да ги отворат терасите, но не смеат да примаат гости внатре и да надминат 50 проценти од капацитетот. Киносалите и театрите ќе можат да пополнат само 35 отсто од капацитетот или максимум 800 лица.

Од почетокот на епидемијата во Франција се регистрирани над 5,9 милиони заразени со коронавирус, а 108.201 лица умреа од Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата