СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ блокира и опструира се што е во интерес на граѓаните и државата

Од:

„Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со блокади и опструкции на важни законски решенија, на директна штета на граѓаните и на државата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието не се откажува од блокада на Законот со кој државата за прв пат ќе добие нов, модерен Клинички центар“, велат СДСМ.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ цврсто стојат против секоја можност за унапредување на здравствениот систем, против здравствените работници, против подобри здравствени услуги за граѓаните. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се и против наставниците и стручните работници.

Се противат над 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование да добијат вработување на неопределено време, да добијат правна и економска сигурност.

ВМРО-ДПМНЕ се против припадниците на Армијата. Се противат војниците да добиваат отпремнина и до 20.000 евра и да имаат поволности при пензионирање. Се противат и на стипендирање на дефицитарните кадри и натамошно јакнење на капацитетите на одбраната.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против здравствените работници, против наставниците, против образованието, против припадниците на Армијата, против сите граѓани во државата.

Се што е во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ го кочи, опструира и блокира.

Затоа се во опозиција, затоа ги очекува нов пораз од граѓаните на локалните избори наесен“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел