Се продлабочува туристичката соработка меѓу Македонија и Косово

Од:

Македонија и Косово ќе работат на креирање заеднички туристички производи и на привлекување што е можно повеќе странски туристи кои би ги посетиле двете земји, а заедно ќе настапуваат на трети пазари и на туристички саеми.

Ова е предвидено во Договорот за туризам што денеска во Скопје го потпишаа министерот за економија Ваљон Сарачини и заменик претседателот на косовската Влада и министер за трговија и индустрија Мимоза Кусари-Лила.

– Последните анкети направени со странските туристи покажуваат  дека тие најмногу ги преферираат регионалните тури. Денеска потпишуваме Договор за соработка во областа на туризмот со Косово, а во преговори сме и со другите соседни држави за потпишување вакви договори. Целта е сите заедно да работиме за привлекување на што е можно повеќе странски туристи, изјави министерот за економија Сарачини по потпишувањето на договорот.

Тој посочи дека Македонија е цврсто решена да работи на креирање на одлична туристичка инфраструктура и додаде дека ова е еден од последните договори што се потпишува со Косово со кој ќе се заокружи правната рамка за потпишување договори за соработка во областа на економијата.

– Во Договорот има член кој ги обврзува двете земји да работат на проекти со кои би аплицирале во меѓународните фондови за инвестиции во туристичката инфраструктура. Воедно, Македонија има преземено обврска учеството на туризмот во БДП да достигне до 5 проценти до 2020 година, рече Сарачини и како прв заеднички туристички проект со Косово го истакна Брезовица-Попова Шапка.

Според последните податоци, додаде, бројот на туристите од Косово во април годинава е зголемен за 49 отсто, а бројот на ноќевањата за 53 отсто во однос на април 2012 година.

– Во туристичката размена со Косово досега доминираат индивидуалните и деловните посети на граѓани и правни субјекти од двете земји, како и организирани аранжмани кон езерските места и зимските центри.  Договорот за соработка ќе претставува солидна основа за поволна рамка за инвестиции во областа на туризмот, размена на информации, статистички податоци и слично. Покрај тоа ќе помогне и за промоција на регионот кон трети партнери, заемно учество на туристички изложби, саеми и останати манифестации, како иза размена на исуства во делот на професионална обука на персонал, рече Сарачини.

Вицепремиерката Кусари-Лила истакна дека Косово ќе ги користи позитивните искуства на Македонија во многу области вклучително и туризмот и подобрувањето на бизнис климата.

– Туризмот испраќа јасен сигнал дека на Балканот има мали држави кои се блиски и на кои за успех им е потребна заедничка понуда. Тоа особено важи за областа на туризмот каде треба да се понудат заеднички пакети за посета на нашите земји, рече Кусари-Лила.

Таа нагласи дека Косово посветува големо внимание на изградбата на патната инфраструктура што е неопходна за развој на туризмот.

– Особено внимание се посветува на автопатот од Приштина кон Скопје, чии подготовки и активности за изградба ќе почнат есенва. Се надеваме дека и Македонија ќе покаже интерес за изградба на делницата од Скопје до границата со Косово. Тоа ќе биде многу значајно за зголемување на бројот на патниците меѓу двете држави, но и за патниците кои доаѓаат од трети земји што сакаат да ги посетат Македонија и Косово, рече Кусари-Лила.

Македонија, додаде, за Косово останува традицонален партнер.

– Треба да се истакне дека во рамките на ЦЕФТА Македонија беше најголем партнер на Косово. Се надеваме дека ваквата соработка ќе продолжи и во иднина и дека ќе се зголеми размената меѓу двете земји, но и извозот од Косово кон Македонија, прецизира Кусари-Лила.

Вредноста на трговската размена со Косово во првиот квартал во 2013 годината изнесува околу 96 милиони долари, со суфицит на македонска страна од 78 милиони долари. Дури 50 отсто од македонскиот извоз на Косово отпаѓа на нафта и нафтени деривати.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски