Снимка од тепачка на белградските улици предизвикана од недоразбирање во сообраќајот, се појави денеска на социјалните мрежи.
Двајца млади луѓе влегоа во физички дуел и разменија боксови, пред да ги раздвои трет човек, кој доаѓа од позадина.
Choose your fighter, Studenjak rules. pic.twitter.com/kGIE5VSzkF
— ČAJNING BOXING del HLORO (@CopezziP) May 16, 2021
Засега нема информации за точната причина за тепачката која се случи среде бел ден на прометна крстосница во Белград, а минувачите претпоставуваат дека на физичката пресметка ѝ претходела расправија околу сообраќајни несогласувања.
За учество во тепачка, според српскиот Кривичен законик, предвидена е казна од 400 до 1.300 евра или затвор од 30 до 60 дена.