Кузеска: СДСМ се менува и победува, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во режимската матрица

Од:

По 26 Конгрес којшто се одржа вчера и донесе кадровски освежувања во највисоките партиски органи, СДСМ започнува ново четиригодишно поглавје за напредокот на македонската држава и подобра иднина на сите граѓани. Во составот на новите органи се пресликани вредностите на СДСМ за целосна родова еднаквост, за соодветна застапеност на младите, како и темелните вредности за заедништво преку концептот едно општество за сите рече на прес конференција портпаролката на СДСК, Богданка Кузеска.

„СДСМ победува затоа што постојано се менува. За жал, тоа не е случај кај останатите политички партии, особено кај ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО ДПМНЕ наместо да биде конструктивна партија и натаму останува заробена во режимската матрица, слугува на наредбите од Будимпешта, во континуитет се деструктивни без да размислуваат за интересите на граѓаните. ВМРО ДПМНЕ останува истата партија којашто ја држеше земјата во меѓународна изолација, го делеше народот по секаква основа, и поттикнуваше тензии и омраза“ – вели Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот