Вардар ја доби Стеауа

Од:

Македонскиот фудбалски шампион Вардар го доби шампионот на Романија и поранешен европски првак Стеауа за противник во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Романскиот шампион е трет по рејтинг според рангирањето на УЕФА на екипите што ќе играат второ коло квалификации и беше најтешкиот можен противник за „црвено-црните“ од петте потенцијални ривали.

Стеауа има коефициент 35,6 додека Вардар е рангиран на 27.место со коефициент 2,05.

Првиот натпревар ќе се игра во Букурешт на 16/17 јули, а реваншот е во Скопје на 23/24 јули.

Вардар лани во квалификациите од најелитното фудбалско европско натпреварување беше елиминиран од Бате Борисов.

За 13 часот е закажано извлекувањето на двојките во Лига Европа. Македонски пртеставници се Металург, Хоризонт Турново и Тетекс.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска