Поделеност во Советот за безбедност на ОН за израелско-палестинскиот конфликт

Од:

Советот за безбедност на ОН, вчера, на третата вонредна седница за израелско-палестинскиот конфликт во текот на последната недела, не постигна успех во договорот за заедничка декларација и предлозите што брзо ќе доведат до крај на насилството.

Виртуелната сесија беше преполна со меѓусебни обвинувања меѓу Палестинците и Израелците.

Паралелно со седницата, 15-те членки на Советот за безбедност продолжија да преговараат за заедничка декларација со која се повикува на прекинување на непријателствата и потврдување на заложбата за решението за две држави што би постоеле една покрај друга, Израел и Палестина, засновано врз претходните резолуции на ОН.

Неколкумина дипломати, во контакти со француските медиуми, меѓутоа изјавија дека САД упорно одбиваат каква било заедничка декларација, а таквиот став е разбирлив за многу сојузници.

Во текот на изминатата недела Вашингтон двапати отфрли две изјави предложени од три членки на Советот за безбедност: Кина, Норвешка и Тунис.

-Сето ова е помалку чудно кога ќе размислиме за очекувањата што сите ги имавме откако Американците се вратија во мултилатералната дипломатија, изјави еден амбасадор, кој побара анонимност.

„Мислевме дека САД сакаат да покажат релевантност во Советот за безбедност во ситуации како оваа”, додаде тој.

Кинескиот дипломат Ванг Ји изрази жалење за „опструкциите” на САД во процесот на прифаќање на декларацијата.

-Советот за безбедност мора да преземе акција и поради опструкцијата на една држава. Советот не е способен да зборува во еден глас, рече Ји, повикувајќи го Вашингтон да „преземе одговорност” во ОН.

Седницата на Советот за безбедност беше јавна, а претходните се одржаа зад затворени врати. САД се спротивставија на вчерашната седница и побараа таа да се одложи за вторник.

Отворајќи ја сесијата, генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, го предупреди Советот за безбедност на ризик од „неконтролирана безбедносна и хуманитарна криза” во регионот доколку не се постигне брзо примирје.

Би можело да ве интересира

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа