На снимките кои ги објавија израелските одбранбени сили (ИДФ), на шестиот ден меѓу судирите меѓу Израел и Палестина, може да се види татко со својот тукушто роден син, како се крие, бегајќи од ракетите.
Таткото непосредно пред нападот се возел со автомобил заедно со своето бебе, кога одеднаш почнуваат да се слушаат звуци на ракети. Тие, бегајќи од ракетите, се сокриваат меѓу двете ленти од патот.
Put yourself in this father’s shoes.
You’re driving with your newborn baby. Suddenly, you find yourself under rocket fire.
As rockets explode, your only thought is: keep your baby safe.
The IDF will continue to fight against Hamas to protect Israeli civilians. pic.twitter.com/ctBA0T0y0a
— Israel Defense Forces (@IDF) May 15, 2021
Таткото цело време го држи во прегратка својот син, штитејќи го со своето тело од потенцијални удари, а бебето седи сосема мирно.
Во коментарите на социјалните мрежи многу луѓе се изненадени од храброста на таткото, но потсетуваат дека ова се случува меѓу недолжните граѓани од двете страни на пресметките, и ги повикуваат Израел и Палестина да престанат судирите.