Главниот тренер на Арсенал, Микел Артета ќе остане на функцијата и следната сезона, објави на Твитер новинарот Фабрицио Романо.
Според него, управата на клубот го поддржува Артета и го планира следниот преоден рок и нови договори со него.
Оваа сезона Арсенал се наоѓа на деветтото место во Премиер лигата со 55 бода и ги загубија математичките шанси за пласман во топ 4. Така, тимот не се пласираше во Лигата на шампионите по петти пат по ред.
Во Лигата на Европа 2020/2021 „Топџиите“ беа елиминирани во полуфиналето од шпанскиот претставник Виљареал.