Мицкоски: Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сложно го донесоа законот за легализација на дивоградби

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека не е точно оти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сложно го донеле законот за легализација на дивоградби. Тврди дека ова законско решение било дел од пакетот за кој се преговараше на средбата меѓу него и Зоран Заев.

„Не би рекол дека опозицијата и власта сложно го донесоа, тоа беше закон за кој што разговаравме со Зоран Заев уште на онаа тет-а-тет средба, тоа беше еден од оние закони за кои што опозицијата беше обвинета од власта дека го кочи. Јас се чудам навистина, таму има неколку естрадни политичари во парламентот кои што потоа кренаа голема галама токму во овој стил дека опозицијата и власта го донеле заедно законот. Се чудам зошто тие естрадни политичари не поднесоа неколку илјадници амандмани да го блокираат овој закон ако не се сложуваат. Има и таква можност, пратеникот во парламентот преку филибастеринг да блокира определени законски решенија ако види дека неговото право да го аргументира со амандмани и да интервенира му е ускратено“ потенцираше Мицкоски.

Мицкоски во врска со информацијата дека претседателот Пендаровски не го потпишал законот за легализација на дивоградби рече дека право на претседателот е тоа да не го стори тоа, но дека во минатото ставил потписи на многу поштетни закони како за економијата така за граѓаните и за националните интереси.

Мицкоски дополни дека законот за легализација на дивоградби според уставната траекторија секако ќе дојде назад во парламентот и ги повика сите политичари од парламентот да го искористат своето право за блокирање за законот и да не се кријат зад дневно политиканство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Итна одговорност и оставки од министерот за здравство и министерот за внатрешни работи

Горан Наумовски

СДСМ: Владата на Мицкоски е најодговорна за еколошката катастрофа што се случува со пожарите

(ВИДЕО) Филипче: Зошто не дозволувате декласификација на сите материјали поврзани со случајот со АНБ?

(ВИДЕО) Мицкоски: Коалицијата „Твоја Македонија“ која заеднички ќе настапи на овие локални избори

Опозицијата ќе шири шпекулации и невистини во текот на кампањата, вели Мицкоски

Горан Наумовски

„Македонско најдобро“ е кампања за поттик на домашното производство, вели Мицкоски