Заев-Ципрас: Придобивките од Договорот од Преспа се препознаени и од оние кои имаа сомнежи

Од:

Премиерот Зоран Заев и вицепремиерите за европски и за економски прашања Никола Димитров и Фатмир Битиќи остварија средба со поранешниот премиер на Грција и актуелен лидер на политичката партија Сириза, Алексис Ципрас во Атина.

Заев и Ципрас, како што соопшти владината прес-служба, изразија задоволство што Договорот од Преспа е силно признаен, препознаен и поддржан од сите чинители во регионот, Европа и пошироко и што на него се гледа како пример за решавање спорови меѓу други држави.

Денес придобивките од Договорот ги препознаваат и политичките чинители кои од различни причини пред три години имаа сомнежи и неверувања, беше нагласено на средбата.

Лидерот на Сириза и поранешен премиер на Грција, Ципрас ја потенцираше силната поддршка за Северна Македонија за почеток на преговорите за членство со Европската Унија и порача дека ќе го вложи целиот сопствен капацитет и капацитетот на неговата партија да ја поддржи Северна Македонија во остварувањето на оваа стратешка цел.

ЕУ треба да испорача кон земјите како Северна Македонија кои покажаа сериозни резултати на европскиот пат и со тоа да се оневозможат нови политички засилувања на националистичките и деструктивните политички чинители на Западен Балкан и во Европа, заклучија Заев и Ципрас.

Би можело да ве интересира

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче му возвраќаат на Заев, неговите деца во партијата станаа кандидати за градоначалници