Брачна двојка од Гази Баба нападната во својот двор поради долгови на синовите

Од:

66-годишен жител на скопската населба Гази Баба и неговата сопруга биле нападнати со тврди предмети од страна на двајца непознати напаѓачи, кои претходно го оштетиле и автомобилот на нивниот син. Според исказот на пријавителот, мотив за нападот веројатно се должничко-доверителски односи во кои влегле неговите синови.

„На 12.05.2021 во 18.00 часот во Полициска станица Гази Баба, П.Т.(66) од Скопје пријавил дека во 15.20 часот во нивниот двор со неговата сопруга биле физички нападнати од две лица, кои употребиле тврди предмети, откако претходно го оштетиле паркираното возило „алфа“, сопственост на нивниот син. Според пријавеното, најверојатна причина е недоразбирање околу должничко-доверителски односи со нивните синови“, велат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он