ГП Богородица подготвен за најавеното отворање на копнените граници со Грција

Од:

Пред најавеното утрешно отворање на копнените гранични премини кон Грција, најфреквентниот граничен премин Богородица е подготвен во секој поглед да одговори адекватно на предизвикот и по повеќе од една година повторно да се врати на некогашната секојдневена динамика на работа, изјави денеска командирката на граничната полиција Јасмина Аврамска.

-Имаме доволен број на полициски работници и подготвени сме и технички и материјално да одговориме на најавеното отворање на граничните премини со јужниот сосед и покрај тоа што до овој момент од нивна страна немаме добиено никакво известување, рече Аврамска.

Додаде дека вработените полицајци на ГП Богородица и во блиското минато, односно до настапувањето на здравствената криза и затворањето на граничниот премин „Евзони“ ефикасно се справувале и со најголемите гранични гужви кои почнуваа токму во овој период од годината.

-Во истиот период 2019 година, за 48 часа се регистрирани 6626 македонски граѓани од кои 3680 излегле кон Грција,а 2946 влегле во земјава.Кога ќе се земат во предвид и останатите странски туристи кои најчесто го користат нашиот премин,на дневно ниво низ ГП Богородица транзитирале по околу 15 илјади патници на излез и влез во земјава, нагласи Аврамска.

Ова се бројки кои одат во прилог на констатацијата дека полициските работници без проблем успешно ќе се соочат со зголемена патничка фреквенција на ГП Богородица доколку се случи утрешното најавено отворање на ГП „Евзони“ низ кој во моментов се одвива само транспортниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Германија воведува контроли на своите граници

Горан Наумовски

Ројтерс: Се намалува бројот на илегални преминувања на мексиканско-американската граница

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција