Продолжување на притворот за бизнисменот Орце Камчев, притвор за експремиерот Никола Груевски по неговото пронаоѓање, еднаш неделно да се пријавува во суд и одземање на македонскиот и бугарскиот пасош на Ратка Камчева, мајка на Орце Камчев, бара Обвинителството со поднесување на обвиниението за „Плацови на Водно“. Да се јавува еднаш неделно во судот, се бара и за Ненад Јосифовиќ, кој бил сопственик на веќе регистрирана офшор фирма во Белизе.
Обвинителството смета дека постојат основи за определување на притворите. Според посочениот член од Законот за кривична постапка, обвнителот се сомнева дека постои опасност осомничените лица да се скријат, но и околности кои укажиуваат дека тие можат да се дадат во бегство.
Обвинителството бара експремиерот Никола Груевски, заедно со неговиот кум Ристо Новачевски, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, неговата мајка Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ, да одговараат за случајот „Плацови на Водно“ и поднесе обвинителен акт. Според Обвинителството, плацовите на Водно кај Шестата управа се платени 1,3 милион евра, пари од донации од фирми и членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои наместо да ги внесе во партиската каса, Груевски ги инвестирал во земјиштето на Водно. Во сето ова, тој не бил сам. Сите се гонат за кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело, а Мијалков за помагање при извршување на кривичното дело.