Маркоска: Антинародното ВМРО-ДПМНЕ е против отпремнини од 20 илјади евра за војниците

Од:

Дека на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ единствена задача им е да го кочат секој закон кој е во интерес на граѓаните, докажуваат и блокадите на Законот за служба во Армијата. Со 2.000 амандмани ВМРО-ДПМНЕ се противи на олеснување на условите за пензионирање, на поголеми отпремнини за припадниците на Армијата рече на прес конференција пратеничката од СДСМ Даниела Маркоска.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против тоа војниците да имаат право на избор, се противи војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години возраст, се противи и на дополнителните поволности при пензионирање. Лажни и лицемерни се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека со ова сакале да го подобрат овој Закон. Тоа што за Закон кој има 30тина членови, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат 2.000 амандмани не е никакво подобрување, туку класична блокада на измените и дополнувањата на Законот“ – рече Маркоска.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа