Осите се омразени, но сепак, прилично корисни за човекот и планетата

Од:

На многумина пчелите им се драги, а чувствуваат одбивност кон оси, како кон штетници и ништо друго… Едно релативно ново истражување посочува дека осите се способни за расудување и логика, и оти тие се, всушност, и корисни за човештвото.

– Кога им кажувам на луѓето за оса, тие се незаинтересирани и сметаат дека овие инсекти немаат никаква смисла на постоењето. Сепак, истражувањата покажуваат дека тие се многу корисни. Јасно е дека имаме различни емотивни врски со осите и со пчелите – живееме во хармонија со пчелите, па веќе подолго време и имаме припитомено некои видови… Но, врската меѓу луѓето и осите е често непријатна оти тие ни ги расипуваат излетите и си прават гнезда во нашите домови. Сепак, треба да го надминеме лошиот поглед кон осата и да ја заштитиме како вид, бидејќи таа обезбедува заштита на животната средина на нашата планета. Нивниот број се намалува, а како и во случајот со пчелите, човекот не може да си го дозволи тоа!, истакна Сејријан Самнер, професор на Универзитетскиот колеџ во Лондон, за „Гардијан“.

Осите се разновидни и, како што вели професорот, може да се користат за контрола на штетниците без потреба од инсектициди. Тие се корисни и за опрашувањето, а нивниот отров може да се користи во медицински истражувања, за лекување болести, како на пр., ракот. Покрај тоа, тие можат да бидат соодветна замена за месо.

Исклучително е важно да ја разбереме важноста на осите во нашиот екосистем, така што нивната популација да не продолжи да опаѓа.

Самнер тврди дека, кога станува збор за опрашувањето, осите доаѓаат во контакт со најмалку 960 растителни видови. А, 164 од нив, вклучувајќи ги и орхидеите, се целосно зависни од оси. Според стручњакот, повеќето оси не боцкаат.

Би можело да ве интересира

Земјата соборува глобални рекорди за топлина десетти месец по ред

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ОН: Озонската обвивка постепено се обновува

Ана Ололовска

Денеска почнува зимата

Ана Ололовска

ЕСА разгледува можност за пренос на енергија од вселената на Земјата

А1он

Научна студија: Никаде на Земјата дождовницата не може да се пие

Ана Ололовска