Бајден се обидува да спречи недостиг на гориво по хакерскиот напад врз „Colonial Pipeline“

Од:

Американската администрација го следи недостигот на гориво во делови од југоисточниот дел на земјата и разгледува различни реакции, се вели во соопштението издадено од портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

„Американскиот претседател Џо Бајден продолжува да добива редовни ажурирања за состојбата со Colonial Pipeline. Администрацијата продолжува да го проценува влијанието на инцидентот врз снабдувањето со гориво на источниот брег и да разгледа какви активности да преземе за да го ублажи ефектот што е можно повеќе”, рече Псаки. Претседателот им наложи на федералните агенции да ги користат своите ресурси за да помогнат во намалување на дефицитите таму каде што можат да се појават “.

Според „Colonial Pipeline“, кибер нападот врз нивните системи бил извршен со употреба на т.н. уценувачки софтвер, односно Ransomware малвер. Станува збор за вирус кој влегува во компјутерски систем, привремено го блокира неговото работење и ги криптира податоците се додека жртвата на нападот не го плати износот што го бара ученувачот.

Според извештаите во американските медиуми, како резултат на нападот, криминалците добиле до 100 GB податоци. Среде инцидентот, компанијата беше принудена да го прекине работењето. Според раководството, процесот на обнова на работата и враќање на нормалната работа е веќе започнат.

Би можело да ве интересира

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски