Пакистанско-талибанско движење ја презеде одговорноста за убиство на девет планинари и водич, во еден хотел на Хималаите, на северот на Пакистан.
Тие истакнаа дека движењето го формирале за да ги нападнат странците и да се осветат за нападите од американските беспилотни летала.
Портпаролот на забранетата организација на талибанците, Ехсанулах Ехсан истакна дека убиствата се извршени поради освета на друг човек од групата, кој загина минатиот месец, во напад на беспилотно летало.
-Ние го направивме тоа и преземаме одговорност за овој напад. Тоа е нашиот одговор на нападот на американските беспилотни летала-нагласи тој.
Елена Георгиевска