Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека се тестирал за антитела против коронавирусот, откако минатиот месец ја прими вакцината.
„Мојот тест за антитела беше позитивен, а лекарите велат дека коефициентот на позитивност, којшто е важен, кај мене изнесува 15, што е добар резултат“, изјави Путин за руските државни медиуми.
Путин изрази задоволство од тоа како се одвива процесот на имунизација на населението во Русија, велејќи дека околу 21,5 милиони луѓе во земјата досега се вакцинирале. Рускиот претседател уште еднаш ги повика граѓаните масовно да се вклучат во процесот, за земјата да може да се врати во нормала.