ВИДЕО: Путин објаснува како се чувствувал по примената вакцина

Од:

Во изјава за државната телевизија Русија 1, претседателот на Русија Владимир Путин објасни како се чувствувал во првите денови откога ја прими првата доза од вакцината против Ковид-19.

Путин вели дека не почувствувал речиси ништо пет часа по примената вакцина, а по ова, имал само мала нелагодност кога ќе ја подигнел раката, но не чувствувал никаква болка.

„Ставив термометар покрај креветот кога легнав, за секој случај. Утрото по вакцинацијата се разбудив и ми се чинеше дека не се чувствувам добро. Го зедов термометарот, ја измерив температурата и видов дека таа е нормална. Три дена не вежбав, не играв хокеј, не одев во теретана, ниту пливав. Ден потоа, пак си ја измерив температурата и таа пак беше нормална,“ раскажува Путин.

Како што соопшти Кремљ, Путин примил една од трите руски регистрирани вакцини против Ковид-19, а не се открива која точно, поради тоа што, според портпаролот на рускиот претседател Дмитри Песков, сите три вакцини се ефективни и безбедни. Во денешната изјава рускиот лидер исто така не откри која е вакцината што ја примил, велејќи дека не кажал ниту на неговите пријатели и дека само неговиот лекар знае која од вакцините му ја дал.

„И сега, кога ќе го допрам местото, тоа е чувствително, но ова е се што чувствувам од несакани реакции,“ откри рускиот претседател.

Запрашан зошто, како што тоа го сторија многу светски лидери, и тој не ја прими вакцината пред камери, рускиот претседател вели дека не му се допаѓа таквата идеја.

„Мораме ли секогаш да се глупираме? Мораме ли да правиме како што прави некој таму некаде? Веројатно не. Ако некој сака нешто да лажира на ова ниво, тоа не е тешко да се направи. Можете да го покажете шприцот, ама со него да вбризгате обичен физиолошки раствор. Или, не знам, кефир или сок од портокал… се шегувам, секако, некои витамини. Мислам дека тоа е несериозно“, вели Путин.

Рускиот лидер имаше и совет за зајакнување на имунитетот – според него, тоа на наједноставен и најефектен начин се прави со таканаречено „контраст-туширање“, наизменично со топла и студена вода, кое тој го практикувал речиси секој ден.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив