Возило заврши во ендек на влезот од Охрид, по обид за претекнувaње

Од:

Еден автомобил излета од патот Охрид-Дебрца, а неколку лица се полесно повредени. Ова е епилогот од сообраќајката која се случи како последица на претекнување на полна линија, а од спротивната страна доаѓале возила.

Еден од автомобилите е уништен од страната на возачот, од силниот удар падната е и гумата. Другиот автомобил е паднат во ендек.

Првичните информации се дека нема тешко повредени, а причинета е поголема материјална штета. Станува збор за автомобили марка “мерива” и “мерцедес”.

На терен се екипи на СВР Охрид, каде полицајци се уште прават увид.

Би можело да ве интересира

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје