Хилари Клинтон сака да стане првата жена претседател на САД

Од:

Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон изјави дека би сакала за време на нејзиниот живот жена да стане претседател на САД, со што се засилија шпекулациите дека планира во 2016 година да се вклучи во трката за Белата куќа.


– Јас навистiна се надевам дека додека сум жива ќе добиеме жена претседател… Дали тоа ќе се случи на следните избори или по нив, ќе зависи само од жените кои ќе решат да се впуштат во тој политиочки процес, изјави Клинтон за време на приватна посета на канадскиот град Торонто.


Клинтон, која беше државен секретар во претходната Администарција на Барак Обама и која е поранешен сенатор и сопруга на екс-претседатело Бил Клинтон, изјави дека се уште не решила дами ќе учествува на претседателските избори во 2016 година.


Иако по четиригодишниот мандат како државен секретар кон крајот на 2012 година изјави дека и треба одмор од политика, многумина аналитичари сметаат дека 65-годишната Хилари Клинтон сепак ќе биде кандидат на следните претседателски избори.


Анкетите покажуваат дека таа е најпоуларна меѓу потенцијалните претседателски кандидати на Демократската партија и дека би имала реални шанси да извојува победа над најголемиот број републикански противкандидати.

Би можело да ве интересира

САД: Евакуација по добиени дојави за поставени бомби

Американската крајбрежна стража заплени над три тони кокаин

Светските власти остро реагираат на турскиот напад врз Сирија

САД ја повторија поддршката за Договорот од Преспа

Наум Локоски

Трамп се огради од тврдењата на неговиот адвокат Коен и обвини за „лов на вештерки“

Наум Локоски

Хилари Клинтон: Бил (Клинтон) може да биде извонреден „прв денди“

Емир Латифовиќ