Колариќ: Субвенционирањето на клима уреди од Град Скопје е измама

Од:

На повидок е нов скандал, и повторно во центарот на овој скандал е скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Имаме основани сомневања дека многу најавуваните субвенции за инвертер клими се голема измама и злоупотреба зад кое стои половична реализација на проектот, и истите се делени без исполнување на критериумите, селективно, и сето тоа базирано на партиски и лични основи рече на прес конференција советничката од ВМРО ДПМНЕ во Град Скопје, Светлана Колариќ.

Таа вели дека партијата има сомневања дека личните податоци на апликантите не се заштитени и третирани согласно закон при што можна е злоупотреба на истите.

„Овие наши основани сомневања ги темелиме на претходна дојава од самите служби на градот и како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата побаравме увид во документацијата при што сме должни да објавиме констатираните нецелосна документација, со бројни пропусти и аномалии. Се сомневаме дека се делени субвенции за инвертер клими на партиски луѓе кои живеат во централното градско подрачје, , на улицата Никола Кљусев, улица Македонија, Народен фронт и други улици низ центар каде е познато дека има парно греење или и досега граѓаните се грееле на струја, додека цели населби како Ѓорче Петров, Драчево, Лисиче, Радишани и други каде нема парно и загадувањето е големо, нема доволно субвенции“ – рече Колариќ.

Таа уште додаде дека она што го затекнале во градот бил запрепастувачки, нецелосни досиеја, расфрлани документи по ходници.

„Го прашуваме Шилегов јавно да каже колку контроли се направени кај граѓаните корисници на субвенциите за исполнети услови? Зошто на едни граѓани се барани потврди од БЕГ, а на други изјави од нотар“ – рече Колариќ.

Би можело да ве интересира

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

ВМРО-ДПМНЕ: Аеродром ќе добие на нов модерен спортски центар

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите

Стојаноска: Гласајте за број 9 зошто гласот за Димче во Гостивар е глас за Али

Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски