ВМРО-ДПМНЕ: Заради Филипче и Заев вакцините доцнеа 5 месеци

Од:

Каде требало да завршат над 6 милиони долари од набавката на 200.000 кинески вакцини преку фантом фирма од Хонг Конг? Објавивме документи од кои се гледа дека Министерството за здравство исплатило аванс на фантом фирмата, од 7.800.000 долари. Ако се земе предвид првиот документ објавен во медиумите, тоа е 60% од сумата од над 12.500.000 долари, со што доаѓаме до сума од 62.5 долари по вакцина велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа се над триесетина долари повеќе по доза вакцина споредено со цените што земале земјите во регионот, како што објавија медиумите. Филипче уште должи одговори. Како фантом фирмата со само 1000 долари основачки капитал го убедила дека може да ги набави вакцините па и исплатил 7.800.000 долари како аванс? Кои биле гаранциите кои им ги дала истата и дали некој размислил што се можело да се случи? Државата е водена како фирма без одговорност. Додека сите министри низ светот бркале вакцини. Филипче и Заев бркале провизии. Одговорност ќе има“ – се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски