Само 20-тина тинејџери се собраа во дворот на МПЦ да протестираат против одржување на геј парада во Скопје, иако ЛГБТ организациите ставија до знаење дека годинава вакво нешто нема да се случи.
Неорганизирани и некоординирани од никого, тинејџерите седеа половина час на клупите пред црквата во исчекување да се соберат повеќе граѓани. Тие нервозно коментираа дека „Скопје станал град на ЛГБТ популацијата“, но не сакаа да дадат изјави за медиумите. По половина час, си заминаа и се упатија на плоштад „Македонија“.
Полициските комбиња беа присутни и по заминувањето на младите. Полицајците кои беа задолжени да го чуваат мирот во случај на посериозен инцидент, објаснија дека немаат информација дали протест ќе се случи или не.
Петар Клинчарски