Манчестер јунајтед и Виљареал вечерва ја зачуваа предноста од првите натпревари во пресметките со Рома и Арсенал и обезбедија пласман во финалето на Лига Европа.
Шпанскиот тим одолеа на сите напади на Арсенал во Лондон и со реми без голови ја одбрани предноста од 2:1 од првиот натпревар.
По триумфот од 6:2 на првиот натпревар, Манчестер јунајтед рутински го завери пласманот во финалето и покрај поразот од 3:2 на реваншот во Рим. Един Џеко (57), Брајан Кристанте (60) и Никола Залевски (83) беа прецизни во тимот на Рома, додека Единсон Кавани беше двоен стрелец за Јунјатед (39, 68).
Финалето во Лига Европа ќе се игра во Гдањск на 26 мај, три дена пред завршницата во Лигата на шампиони во Истанбул меѓу Челзи и Манчестер сити.